• среда, 27 ноември 2024

Граѓаните на Општина Ѓорче Петров вклучени во креирањето на буџетот на нивната општина

Граѓаните на Општина Ѓорче Петров вклучени во креирањето на буџетот на нивната општина

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров повторно ги вклучува граѓаните во изготвување на буџетот. Како и минатите две години, жителите на оваа општина повторно ќе имаат можност да учествуваат во креирање на буџетската каса за 2025 година, информираат денеска од Општината.

Оттаму велат дека целта е сите заедно да ги испланираат и да ги реализираат приоритетите кои ќе ја направат општината подобро место за живеење.

Од Општина Ѓорче Петров истакнуваат дека во периодот што следува, граѓаните ќе имаат можност преку прашалник да го споделат своето мислење.

Оваа активност е веќе воспоставена пракса во Општина Ѓорче Петров, велат оттаму и додаваат дека и изминатите две години, односно од почетокот на мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски, граѓаните на повеќе начини активно учествувале со свои идеи, предлози и сугестии во изготвување на буџетот за следната година. сст/мд/

Остани поврзан