• петок, 05 декември 2025

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

Скопје, 11 мај 2025 (МИА) - На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци" кој се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ ја освои главната „Гран при” награда.

Како што соопштуваат од МКЦ, освен на натпреварот, учествувал и на мастер предавањата каде се изучувале нови композиции заедно со другите ансамбли учесници, како и на концертите на фестивалот кој се одвиваше од 4 до 8 јуни. 

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски, наведуваат од МКЦ.

Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ најавува дека продолжува со концертите во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово. вг/дма/

Фото: МКЦ

Остани поврзан