„Граница“, нов превод на книга од Капка Касабова
- Како што информираат од издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“, книгата излегува во печат утре, а објавувањето е поддржано од Фондот за централна и источна Европа во Амстердам и Министерството на култура на Северна Македонија. Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без име“ (2008), „Дванаесет минути љубов“ (2013) и книгите од балканската трилогија „Граница“ (2017) „Кон езерото“ (2020) и „Еликсир“ (2023). Таа е родена во Софија во 1973 година, а на 18-годишна возраст емигрирала со семејството во Нов Зеланд, каде што студирала и ги објавила првите поетски книги на aнглиски јазик. Од 2005 година живее во Шкотска.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.