• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје најавува нов мост меѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

Град Скопје најавува нов мост меѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани
Скопје, 11 јули 2021 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вчера го потпиша договорот со Владата и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош, во вредноста од 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ и рок на изведба до крајот на 2023 година. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата „Љубљанска“ и булеварот „Илинден“ со улица „Скупи“ во Општина Карпош. - Мостот е предвидено да има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри, информираат од Град Скопје. Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата. аа/лв/

Остани поврзан