• вторник, 24 декември 2024

Град Скопје: Изречена казна за исфрлање опасен отпад и загрозување на животната средина во Бутел

Град Скопје: Изречена казна за исфрлање  опасен отпад и загрозување на животната средина во Бутел

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Инспекторатот за животна средина на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрече казна за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, а поднесе и соодветна пријава за кривична одговорност против сторителот кој е затекнат како исфрла азбестни плочи и друг градежен отпад.

- Не сакаме да веруваме дека се работи за политички инструирана операција за нагрдување на градот и доведување во опасност на животот и здравјето на скопјани, во која вчеравечер во општина Бутел беа затекнати лица како истураат неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, велат од Град Скопје.

Од локалната самоуправа потенцираат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции коишто во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат.

Но, како што велат, досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат на никаков начин.

Од викендот до денес, комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на градот Скопје имаат изречено над 30 казни.

- Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапат сериозно, и да реагираат на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад кое е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, апелираат од Град Скопје. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан