• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје: Годинава се реконструирани спортски сали и игралишта на неколку средни училишта

Град Скопје: Годинава се реконструирани спортски сали и игралишта на неколку средни училишта

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Годинава се реконструирани спортските сали и игралишта на неколку средни училишта со што на средношколците и на наставниот кадар се овозможуваат одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување и рекреирање, соопштуваат од Град Скопје.

Како што велат од Градот, реконструирани се спортските игралишта на средните училишта на Град Скопје „Панче Арсовски, Сарај и Васил Антевски Дрен, додека во училиштата Ѓорѓи Димитров и Марија Кири Склодовска реконструирани се целосно спортските сали.

Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје „Кочо Рацин“ учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка.

- Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување спортски реквизити во средните училишта за младите и лицата со попречености, како и надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците, информираат од Град Скопје.

Преку овие инвестиции, како што се вели во соопштението, им се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, а фискултурните сали, фитнес зоните и надворешните спортски терени стануваат одлично место за спортување и дружење на младите. сх/лв/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан