• четврток, 07 ноември 2024

Почна реализацијата на втората фаза од изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „100“ во Волково

Почна реализацијата на втората фаза од изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „100“ во Волково

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Град Скопје почна со реализација на втората фаза за изградба на новата атмосферска канализација на улицата „100“ во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров.

Со овој проект, како што информираа од Град Скопје, за првпат се гради нова атмосферска канализација на оваа улица од кружниот тек со улицата „101“ до преминот на пругата во вкупна должина од 1.650 метри.

- Со реализација на овој проект од програмата „За модерно Скопје“ се решава долгогодишниот проблем со што се соочени жителите на ова населено место, каде по обилни дождови, доаѓа до излевање на фекални води и преоптоварување на мрежата. Дополнително, со изградба на новата атмосферска канализација, се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии од овој реон на општина Ѓорче Петров на новата атмосферска мрежа, со што се подобрува функционалноста на севкупниот систем, се наведува во соопштението. бд/бак/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан