• вторник, 24 декември 2024

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

-Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024 година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори, информираат од Градскиот мешан хор „Вардар“.

Учеството на Фестивалот било поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО - Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Северна Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија. сст/дма/

 

Фото: Градски мешан хор ,,Вардар“

Остани поврзан