• понеделник, 18 ноември 2024

Градот Скопје во 2022 година ќе поддржи 116 проекти од спортот и образованието

Градот Скопје во 2022 година ќе поддржи 116 проекти од спортот и образованието
Скопје 19 мај 2022 (МИА) - Градот Скопје донесе одлука за поддршка на 116 проекти за 2022 година со вкупна вредност од 13,5 милиони денари, од кои 96 проекти од областа на спортот со вкупен износ од 11 милиони денари и 20 проекти за кофинансирање од областа на средното образование со вкупен износ од 2,5 милиони денари, соопштија од Град Скопје. Тие информираат дека на јавниот повик за поддршка од областа на спортот пристигнале 164 апликации додека од областа на кофинансирање на на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје пристигнале 23 апликации. - Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е да преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на Градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодвествуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа на спортот, се вели во соопштението. Додека програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: справување со актуелните предизвици на здравствената криза односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници, психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со сајбер-насилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина, едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје, унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина, истражувања и промоција на родовата равноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност и организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност. Листа на поддржани проекти, програми, активности и манифестации: https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf  Листа на поддржани програмски активности во средните училишта: https://skopje.gov.mk/media/8636/lista-proekti-obrazovanie-2022.pdf сх/сп/

Остани поврзан