• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат, вечерва ќе се чистат улиците полни ѓубре

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат, вечерва ќе се чистат улиците полни ѓубре

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат и вечерва ќе се чистат улиците полни ѓубре заради, како што се наведува во партиското соопштение, неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска и градските власти. 

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат. Градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре. ев/

 

Остани поврзан