Градоначалникот Ќура го прими фаќачот на крстот во Струга Петар Чакарески
- Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска го прими фаќачот на светиот крст, Петар Чакарески.
Струга, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска го прими фаќачот на светиот крст, Петар Чакарески.
Тој заедно другарите, како што соопшти Општина Струга, ја споделиле радоста од големиот христијански празник Водици.
- Во пријатна и пријателска атмосфера, градоначалникот Менди Ќура му посака на Петар успешна, здрава и бериќетна година, истакнувајќи дека ваквите настани се од особено значење за нашата заедница. Тој нагласи дека празниците и традициите нè обединуваат и претставуваат вистинска вредност за град како Струга, во кој со почит и соживот живеат различни вери и култури, стои во информацијата.
Општина Струга, нагласуваат, и понатаму ќе продолжи да ги негува меѓусебното разбирање, почитта и заедништвото, како темели на едно силно и сплотено општество. сс/вј/
Фото: Општина Струга