• сабота, 06 декември 2025

Градоначалникот на Центар Жупа го честиташе денот на турската настава

Градоначалникот на Центар Жупа го честиташе денот на турската настава
Дебар, 21 декември 2020 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим упати честитка по повод 21 Декември - Денот на турската настава. -Образованието е процес на оформување на личноста, образованието е мостот на личноста со општеството. Од се срце и со искрени желби за добро здравје и успех ви го честитам 21 Декември - Ден на турската настава. Да не заборавиме, сите ние сме  и наставници и ученици, напиша Ибраим на Фејсбук. Денот го честитаа и градоначалниците на општина Дебар, Хекуран Дука и на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски. Поради пандемијата со КОВИД-19 изостанаа активностите кои се реалзираа изминатите години. Во пошрокиот дебарски регион настава на турски наставен јазик се одвива во училштата во општина Центар Жупа, каде  функцонираат две основни и едно средно училиште и каде поголемиот број од учениците настава следат на турски наставен јазик. Во гимназијата „АТА“ настава учениците следат на турски и помал број на македонски наставен јазик, во основното училште „Неџати Зеќрија“ во селото Коџаџик на турски, додека во ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“ на македонски, турски и албански наставен јазик. вт/аа/

Остани поврзан