• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот на Рим најави илјада нови такси возила на улиците на градот

Градоначалникот на Рим најави илјада нови такси возила на улиците на градот

Рим, 22 јуни 2024 (МИА) - По 18 години чекање, Рим конечно ќе добие илјада нови такси возила, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери. Тој нагласи дека со тоа ќе се стави крај на големиот недостиг на таксисти, поради што туристите и локалните жители редовно чекаат долго време за превоз.

Рим и другите италијански градови имаат многу помалку такси возила од други европски градови, делумно затоа што моќните такси лобија се спротивставуваат на обидите да го зголемат нивниот број или целосно да го прифатат доаѓањето на конкурентите како што е Убер.

Сепак, Гуалтиери изјави дека неговата канцеларија следниот месец ќе распише тендери за 1.000 нови дозволи за такси и 2.000 нови Убер дозволи кои ќе бидат активни до декември, кога ќе започне Светата година на римокатолиците.

Во моментов, Рим има само 7.800 такси возила, без нови дозволи издадени од 2006 година и дополнителни 1.000 приватни автомобили за изнајмување. Спротивно на тоа, Лондон има околу 19.000 такси возила, плус 96.000 приватни возила за изнајмување, според бројките од 2020 година, додека Париз има 18.500 такси и најмалку 30.000 дозволи за приватни возила. рп/

Остани поврзан