• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше со традиционално новогодишно обраќање  

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше со традиционално новогодишно обраќање  
Дебар, 31 декември 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, традиционално, ден пред новата година, имаше новогодишно обраќање, во кое ги презентираше активности во оваа и плановите за следната годна. -Се наѓаме на крајот на оваа 2020, година исполнета со многу работа и реализирани проекти,но и година со многу предизвици, пред се од здравствен карактер.Сите се соочивме со пандемијата со Ковид-19,која влијаеше на целокупниот живот на сите нас. Сето тоа не натера да сфатиме дека здравјето е пред се  и дека треба да ги почитуваме препораките на здравствените работници, рече во обраќањето Куртовски. Тој направи пресек на преземните мерки за полесно справување со коронаврусот, како што е ослободување од плаќање фирмарина за тековната година, дезинфекција на објекти и улици, набавка на заштитни средства, обезбедување пакети хуманитарна помош за семејствата во социјален ризик, како и набавка на концентратор за кислород за  Здравствениот дом во Ростуше. -И покрај сите потешкотии беа реализирани неколку капитални проекти со кои се подобри животот  и улугите на граѓаните.Се вселивме во новата општинска зграда, ги проширивме и асфалтиравме локалните патишта за селата Ростуше, Скудриње, Присојница и Маврово. Со средства од централната власт асфалтирани се патот за Галичник и за Лазарполе, како и неколку проекти за подобра патна, водоводна и канализациска инфратруктура во повеќе  населени места. Посебно значаен е почетокот со реализација на проектот за реконструкција на регионалниот пат Маврови Анови-Жировница. По пат на донација обезбедивме камион за смет од Јапонската амбасада и багер ровокопач од УНДП, рече меѓу другото градоначалникот. Најавувајќи ги проектите за годината пред нас, ги спомена реконструкциите на локалните патишта за селата Сретково, Врбен, Присојница-Аџиевци и Врбјане, како на водоводната мрежа и на паркинг просторот во неколку села. -Се заблагодарувам на Советот на општината и на општинската администрација за успешното рализирање на предвидените проекти. Исто така, посебна благодарност упатувам и од име на моите сограѓани до Владата на Република Северна Македонија за огромната помош во реализацијата на проекти во нашата општина, посочи тој. Упати и честитка до своите сограѓани, апелирајќи да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. -Сакам да им порачам на сите граѓани да се придржуваат на мерките и препораките на Владата и престојните празници да ги поминат во кругот на семејството за да спречиме понатамошно ширење на врусот.Ви ја честитам Новата 2021 година со желби за добро здравје, среќа, успех, посака градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски во новогодишното обраќање.вт/лв/      

Остани поврзан