• понеделник, 29 јули 2024

Градоначалникот на Неготино ги посети службите кои работеа за новогодишната ноќ 

Градоначалникот на Неготино ги посети службите кои работеа за новогодишната ноќ 

Неготино, 1 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов ги посети службите кои работеа за новогодишната ноќ, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Општината. 

- Додека најголемиот дел од граѓаните во кругот на најблиските го прославуваа доаѓањето на Новата 2024-та година, дел од нашите сограѓани се наоѓаа на своите работни места и ги извршуваа редовните работни обврски. Како и секоја, така и оваа година, градоначалникот беше во посета на вработените во службите кои се грижеа за здравјето, безбедноста и имотите на граѓаните на општина Неготино. Тој оствари средба и се задржа во разговор со 14 припадници на полицијата од ОВР Неготино кои за новогодишната ноќ беа на работните места, посета и средба со пет пожарникари од ТППЕ Неготино, како и посета на Итната медицинска помош при Здравствен дом Неготино, каде што на приправност беа пет здравствени работници и помошен персонал, велат од Службата за информирање при неготинската локална самоуправа. 

На сите со кои се сретнал градоначалникот Стојанов, за нивниот работен ангажман, тој им подарил пригодни подароци, со желби за се најдобро. свд/

 

Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан