• вторник, 17 декември 2024

Градоначалникот на Лондон е против рестарт на Премиер лигата

Градоначалникот на Лондон е против рестарт на Премиер лигата
Лондон, 12 мај 2020 (МИА) - Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се спротивставува на планот да се рестартира Премиер лигата во јуни во главниот град, откако неговиот кабинет соопшти за „Ивнинг стандард“ дека фудбалот треба да се врати штом „е безбедно да се стори тоа“. Британската влада во понеделникот објави дека спортот може да се продолжи предпразни трибини од 1 јуни, а Премиер лигата има цел да ја продолжи кампањата на 12-ти. Планот, наречен „Проект Рестарт“, предлага натпреварите да се играат на неутрални стадиони, при што Лондон потенцијално ќе биде домаќин на 22 од преостанатите 92 натпревари. Сепак, градоначалникот на британската престолнина е загрижен за можното преоптоварување на здравствениот систем во Лондон, открива неговата канцеларија за изданието. - Садик очајно сака Премиер лигата да се обнови, како и целиот професионален спорт. Сепак, со оглед на тековната криза и фактот дека стотици луѓе умираат секој ден, тој верува дека сè уште е рано да се разговара за враќањето на Премиер лигата и на врвниот фудбал во главниот град. Како навивач на Ливерпул, Садик, се разбира, сака Премиер лигата да се врати, но тоа може да се случи само кога е безбедно и во никој случај не го преоптоварува системот за здравствена заштита, изјави портпаролот за градоначалникот за весникот.

Остани поврзан