• сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Кавадарци даде отчет за сработеното 

Градоначалникот на Кавадарци даде отчет за сработеното 
Кавадарци, 13 септември 2021 (МИА) - Отчет за сработеното даде градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на денешната прес конференција. Тој се осврна на реализираните проекти во изминатиот четиригодишен период. - Квалитетното и домаќинско работење на сите служби на Општина Кавадарци придонесе за тоа, денес да живееме во убав и безбеден град, рече тој меѓу другото. Јанчев нагласи дека секогаш на прво место се потребите и желбите, идеите на кавадарчани. Градоначалникот ги спомена целосно изградениот  и реконструираниот кеј на реката Луда Мара, велосипедско пешачката патека, изградбата на зелен пазар, како и други проекти од различни области, во градот но и во руралните средини. Тој упати благодарност до Советот на општината, вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија, како и бизнис секторот, за добрата тимска работа, самоиницијативата и несебичната заложба за Кавадарци. свд/мс/

Остани поврзан