• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот Куртовски ги посети дежурните служби на институциите

Градоначалникот Куртовски ги посети дежурните служби на институциите

Дебар, 1 јануари 2024 (МИА) - Градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, со свои соработници, во текот на новогодишната ноќ ги посети дежурните екипи на институциите од посебен интерес, кои, како што ги нарекува се херои кои се грижат за нашата безбедност и здравје.

-Во новогодишна ноќ ги посетивме дежурните служби на институциите кои се нашите хероите, кои се грижат за здравјето, мирот и безбедноста во нашата општина. Ја пренесовме нашата благодарност за нивната пожртвуваност, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства, напиша Куртовски на Фејсбук.

Тој ги посети полициските одделенија во Ростуше и Маврови Анови, полициската станица во Жировница, Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше, како дежурните екипи на секциите на „Македонија пат“ во Маврови Анови и село Долно Косоврасти.

Тој упати честитка за посреќна и поуспешна година и до сите жители од оваа општина и многубројната општинска дијаспора.

-Од мое име и во име на советот и општина Маврово и Ростуше на сите граѓани на нашата општина и пошироко, како и на нашинците низ светот им посакувам среќна, успешна и бериќетна Нова 2024 година. Ви посакувам добро здравје, среќа и успеси на секое поле во животот. Да се потрудиме во новата година да бидеме позитивни, подобри, поуспешни и заеднички да ги оствариме зацртаните цели, посакува Куртовски.

Честитки за новата година до жителите во двете општини, како и иселениците упатија и дебарскиот градоначалник Хекуран Дука и на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим. вт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан