• петок, 21 февруари 2025

Градоначалникот Коњановски го награди Иван Миовски најсреќниот учесник на Водици во Битола

Градоначалникот Коњановски го награди Иван Миовски најсреќниот учесник на Водици во Битола

Битола, 20 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го награди Иван Миовски (15 г.) ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански“, годинешен најсреќен учесник на Водици, манифестација што ја организираше преспанско-пелагониската епархија во црковниот базен на храмот „Свети Великомаченк Димитриј“.

Според востановената традиција, ден по завршувањето на манифестацијата, градоначалникот Коњановски оствари средба со дел од учесниците кои го следеа положувањето на чесниот крст и негово пронаоѓање, а за најсреќниот, младиот Миовски додели парична награда во износ од 20.000 денари и икона од заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“. мт/дма/

 Фото: Општина Битола

Остани поврзан