• вторник, 27 август 2024

Градоначалникот Касами и советниците на заедничка ифтарска вечера со тетовските пожарникари

Градоначалникот Касами и советниците на заедничка ифтарска вечера со тетовските пожарникари
Тетово, 14 април 2022 (МИА)-Тетовскиот градоначалник Биљал Касами заедно со неколку членови на Советот од сите политички партии вечерва ја посетија тетовската пожарна каде со пожарникарите имаа заедничка ифтарска вечера по повод Рамазанскиот пост. На овој начин локалната самоуправа покажа знак на благодарност до пожарникарите кои изминатиов период имаа зголемен обем на работа и спречија поголеми пожари. -Поинаков ифтар. Заедно со општинските советници денеска ја збогативме ифтарската трпеза со вработените во Територијалната противпожарна единица Тетово оние кои ги жртвуваат своите животи за да му служат на нашето Тетово и на нашите граѓани. Секогаш благодарни и благодарни за нив. Господ да им го прифати постот, порача Биљал Касами. За три и пол месеци тетовските пожарникари има многу повеќе работа за истиот период лани, веќе имале над 200 интервенции или околу 60-тина повеќе од претходната година.ас/ир

Остани поврзан