• среда, 25 декември 2024

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани, во Скопје 240 нови станови, во Струмица 143

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани,  во Скопје 240 нови станови, во Струмица 143
Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Во декември лани издадени се 307 одобренија за градење, што е за 18,8 проценти помалку во однос на декември 2021 година. 
 
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 102 131 000 денари, што е за 85,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
 
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49.2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 83 (27 проценти) од нискоградба и 73 (23,8  проценти) за објекти за реконструкција.
 
Од вкупно 307 објекти, на 161 (52,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 (47,6  проценти) инвеститори се деловни субјекти.
 
Во извештајниот период е предвидена изградба на 728 станови, со вкупна корисна површина од 60 719 метри квадратни. Најмногу нови одобренија за градење се издадени во Полошкиот регион (77) по што следи Скопскиот со 43, Југоисточниот со 43, Вардарскиот и Источниот со по 36... Од вкупно предвидените 728 станови, најмногу се во Скопје 240,  од кои 168 во Општина Гази Баба, а 64 во Општина Центар. Во Југоисточниот регион ќе се градат 155 станови, од кои 143 се во Струмица, а во Југозападниот се 99 од кои 81 се во Охрид. лв/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан