• сабота, 23 ноември 2024

Градежни активности во штипската населба Света Недела

Градежни активности во штипската населба Света Недела

Штип, 17 ноември 2023 (МИА) - Почнуваат градежни работи во штипската населба Света Недела, најави на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој посочи дека течат подготвителните активности за асфалт на неколку краци од улици, а е на барање на тамошните жители.

-Во изминатите месеци во комуникација со жителите од оваа населба нотиравме неколку краци од улици коишто беа заборавени, не беа асфалтирани. Ветивме, ги предвидовме и ги ставивме во Програмата за уредување на градежно земјиште и започнуваат активностите за подготовка за асфалтирање. Во наредните денови ќе се асфалтираат овие краци од улици и со тоа неколку десетина домаќинства да бидат опфатени со асфалт до нивните домови, нешто коешто е нормално во 21. Век, рече Јорданов.

Штипскиот градоначалник забележа дека во изминативе недели се асфалтираше и во населбата Железничка, а асфалтирани беа и неколку улици во централното градско подрачје. Јорданов рече дека се користи секој ден од градежната сезона која е при крај за да се завршат предвидените активности од Програмата за уредување на градежно земјиште. Уште еднаш потенцираше дека со активностите ќе биде опфатена секоја населба, а она што нема да се реализира сега ќе биде предвидено за следната година.

-Паралелно, освен во оваа населба се работи и во населбата Каваклија, се работи и во други населби, така што очекуваме наредните денови да бидат завршени сите оние проекти коишто сме ги ветиле и коишто ќе бидат во интерес на граѓаните, вели Јорданов.

За асфалтирањето во населбата Света Недела кое ќе се реализира во текот на следните неколку дена предвидени се околу 600.000 денари. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан