Грабеж во продавницата за накит „Шоме“ во Париз, украден накит во вредност од два до три милиони евра
- Познатата златарница „Шоме“ во Париз попладнево околу 17 часот е ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на
Париз, 27 јули 2021 (МИА) – Познатата златарница „Шоме“ во Париз попладнево околу 17 часот е ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Златарницата „Шоме“ се наоѓа во близина на Елисејските полиња во Париз.
Како што објави весникот „Паризиен“, разбојникот, кој дошол со скутер, влегол во познатата златарница околу 17 часот со пиштол и одзел накит и скапоцени камења, без насилство. тг/паг/