• вторник, 24 декември 2024

„Гоу грин“ бара правилник за велосипедска инфраструктура од Министерството за транспорт

„Гоу грин“ бара правилник за велосипедска инфраструктура од Министерството за транспорт

Скопје, 31 октомври 2024  

За да добиеме здрави, одржливи, безбедни, климатски отпорни и паметни градови, населби и држава, мораме, меѓу другото, да создадеме услови за безбедно одвивање на велосипедскиот сообраќај. 

На улица рабниците се високи и по нив не можат да се движат велосипеди, инвалидски или бебешки колички. Некаде патеките се пошироки, некаде од бехатонки, некаде од нерамен асфалт.

Ако сакаме да може секој да вози велосипед секаде потребно е да има еден унифициран пристап во проектирањето на велосипедската инфраструктура.

За жал, моменталната регулатива е многу ограничувачка и не им дава ниту можности, ниту насоки, ниту стандарди на сообраќајните планери и проектантите да планираат соодветна велосипедска инфраструктура.

Во важечкиот Правилник за урбанистичко планирање планирањето на велосипедскиот сообраќај е опфатено главно во член 162 и минимално во други членови. Што е недоволно од секоја гледна точка.

Со таа цел Гоу Грин, во склоп на Националната вело-мрежа, спреми два предлог документи бара од Министерството за Транспорт да ги прифати и донесе на национално ниво:

1. Предлог за измена на Правилникот за урбанистичко планирање со внесување на велосипедската инфраструктура

2. Предлог правилник за велосипедска инфраструктура

Неопходно е велосипедската инфраструктура да се внесе во Правилникот за урбанистичко планирање бидејќи е документ од највисок ранг кој мора да биде следен од секој планер.

Посебен правилник за велосипедска инфраструктура, е потребен за да се стандардизираат и унифицираат елементите кои се користат при проектирањето на техничка документација за велосипедска инфраструктура.

Очекувано е набрзо да се прават промени во Правилникот за урбанистичко планирање, што значи дека сега е совршената шанса велосипедската инфраструктура да биде дел од новиот Правилник.

Ако се донесе овој правилник секоја наредна сообраќајна инфраструктура низ Македонија ќе мора да има велосипедско решение. Независно дали е булевар, маалска уличка, обичен паркинг или велопат кој поврзува градови.

Македонија е меѓу последните 3 земји на Балканот кои немаат ваков Правилник и оставено е на секо сообраќаенј планер самостојно да смислува решение.

Да не дозволиме секоја улица да е „приказна за себе“ и наместо тоа да покажеме дека се грижиме за одржливиот транспорт преку планирање на просторот и изведување на квалитетна велосипеска мрежа.

Бараме од Министерството за Транспорт што побрзо да донесе ваков правилник.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“-  Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан