Гостивар го промовираше Американецот Ворку
- Американскиот плејмејкер Ејасу Ворку и официјално е нов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар.

Гостивар, 10 септември 2021 (МИА) – Американскиот плејмејкер Ејасу Ворку и официјално е нов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар.
Ворку (22) доаѓа во Гостивар од редовите на Задар, со кој настапуваше во хрватското првенство и регионалната АБА лига.
Американскиот кошаркар претходно во кариерата одигра четири сезони во НЦЦА лигата во дресот на Ирвин Атеатерс. ег/ар/