Горела сува трева во кумановско и Младо Нагоричане
- ва пожари вчера биле регистрирани на подрачјата на општините Куманово и Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Куманово, 31 октомври 2022 (МИА) - Два пожари вчера биле регистрирани на подрачјата на општините Куманово и Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Во атарот на Агино село кумановско, покрај автопатот Куманово - Скопје горела сува трева и шума. На терен, како што информираа од центарот, интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило. Пожарот бил изгаснат во 21:40 часот.
Во атарот на селото Младо Нагоричане, во маалото Брдинци вчера гореа сува трева на површина од 0,1 до 0,2 хектари. ам/дма/
