Голем метеор седум секунди го осветлуваше небото над В. Британија
- „На две видеа можеме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и е видливо како тоа тело се распаѓа во Земјината атмосфера“, се вели во твитер-објавата.

Манчестер, 1 март 2021 (МИА) - Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија и го привлече вниманието кај луѓето кои имаа можност да присуствуваат на небесниот спектакл.
Вселенското тело било забележано нешто пред 22 часот по локално време и можело да се види околу седум секунди. Британската „Служба за метеори“ - група астрономи-аматери кои снимаат вакви појави од 2012 година, напиша на Твитер дека метеорот изгледал како огнена топка.
„На две видеа можеме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и е видливо како тоа тело се распаѓа во Земјината атмосфера“, се вели во твитер-објавата.
Метеорот бил снимен од градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бат, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс. си/ссм/
https://www.youtube.com/watch?v=qqy0G17YOsg