• среда, 21 август 2024

Големата надеж на Барселона пред трансфер во Спортинг Лисабон за 20 милиони евра

Големата надеж на Барселона пред трансфер во Спортинг Лисабон за 20 милиони евра

Барселона, 19 август 2024 (МИА) - Витор Роке би можел да се пресели во Спортинг Лисабон за 20 милиони евра, објави деенска „Релево“. Португалскиот клуб е блиску до договор со Барселона, а спортскиот директор на Каталонците Деко е вклучен во преговорите и дал согласност за зделката.

Страните се уште разговараат за формулата на договорот и конечните износи, а договор би можел да биде постигнат во следните неколку часа.

Англиските Евертон и Борнмаут, исто така, испратија барање за фудбалерот во последните недели, но Роке моментално е заинтересиран за преселба во клубот од Лисабон.

Трансферот на бразилскиот интернационалец од Атлетико Параненсе во Барселона во 2023 година беше вреден 30 милиони евра и 30 милиони во вид на бонуси. Тинејџерот одигра 16 натпревари за шпанскиот клуб и постигна 2 гола. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан