• недела, 28 јули 2024

Годишна изложба подготуваат членовите на фотогрупата Чкрап од Тетово

Годишна изложба подготуваат членовите на фотогрупата Чкрап од Тетово

Тетово, 18 ноември 2022 (МИА) - Фотогрупата Чкрап од Тетово по 19-ти пат ја организира својата традиционална годишна изложба на членовите на групата. Изложбата ќе биде отворена во салата на управната зграда на Музејот на тетовскиот крај (поранешен Дом АРМ) утре, со почеток од 18 часот.

- Ја продолжуваме традицијата и оваа изложба се организира по повод Денот на ослободувањето на Тетово - 19 ноември. Интересно за фотографската група Чкрап е што покрај членови на групата од Тетово има многу фотографи од другите градови, па и од странство и на некој начин сме различни од другите фотоклубови. Имаме и нови млади членови кои ќе се претстават. Секој  фотограф може да се претстави со најмногу четири фотографии, најави Зоран Андонов, член на фотогрупата Чкрап од Тетово.

Овој пат на изложбата на фотографи ќе се претстават 13 члена со 32 фотографии. ас/вг/

Остани поврзан