• сабота, 23 ноември 2024

Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија

Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“ ќе се одрж денеска, во Музејот на современа уметност во Скопје.

Учеснички на симпозиумот се историчарката на уметност Нада Пешева, архитектката Ана Ивановска Дескова, како и ко-основачката на „Тиииит! Инк.“ и фестивалот „Прво па женско“, Јана Коцевска.

Од Здружението на ликовни критичари велат дека симпозиумот има цел да ја истражи повеќеслојната димензија на учеството на жените на уметничката сцена, со специфичен фокус на еволуирачкиот пејзаж на државава во периодот по 60-тите години.

Симпозиумот, велат од АИКА Македонија, настојува да го расчлени квалитетот и квантитетот на културните политики во Македонија кои беа инструментални за стимулирање на вклучувањето на жените во визуелната уметност, архитектурата и уметничкиот активизам, и да ја процени инклузивноста на родовите теми во неодамнешната уметничка продукција.

Темата ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација. Преку испитување на напредокот на политиките и иницијативите насочени кон промовирање на учеството на жените во уметноста, симпозиумот има за цел да го оцени степенот до кој овие мерки поттикнаа вклученост и рамноправност на македонската уметничка сцена.

Работната сесија на програмата вклучува презентација на Нада Пешева на тема „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“, презентација на Ана Ивановска Дескова насловена „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, како и излагање на Јана Коцевска насловено „Прво па женско“.

Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје. ра/лв/

Фото: Здружение на ликовни критичари – АИКА Македонија 

 

Остани поврзан