Годишен концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“
- Во Музејот на македонската борба вечер традиционално годишен концерт ќе одржи мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во Музејот на македонската борба вечер традиционално годишен концерт ќе одржи мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.
-Концертот е наречен еко-концерт бидејќи наместо влезници публиката може да донесе истрошени батерии или ситен електоронски отпад. Концертот е во соработка со Нула Отпад и сакаме ова да ни прерасне во традиција, велат организаторите.
Со ова, потенцираат, сакаат да ја подигнат еко свеста и да придонесат за почиста еко средина во секојдневното живеење.бт/вј/
Фото: Мандолински оркестар