• четврток, 07 ноември 2024

„ГЛУМиЦИ“-Артропија претстава за остварените и неостварено соништа на глумците 

„ГЛУМиЦИ“-Артропија претстава за остварените и неостварено соништа на глумците 

Велес,18 март 2023(МИА) - На малата сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа беше изведена претставата „ГЛУМиЦИ“ – Артопија. Настапија актерите Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Кристина Леловац, Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Никола Наковски, Никола Ристески, Дениз Ајдаревиќ.

Тие на велешката публиката и понудија интересна, несекојдневна претстава во која говореа за Глумиците и Глумците нивните проблеми, а и публиката имаше можност да разговара за нивната професија и да каже мисли и што бара од глумиците.

Сето тоа збогатено со музика, за на крај сите заедно и актерите и публиката да танцуваат на сцената. Глумците велат дека претставата е секогаш различна и не е завршена, а и нема да заврши скоро. На крајот за одличната изведба тие  добија долг и силен аплауз од бројната велешка театарска публика.

Кристина Леловац која играше една од главните улиги во оваа несекојдневна претстава во изјавата за МИА вели дека оваа претстава практично зборува за актерите и актерките во светот и во светот на театарот и нивниот внатрешен свет.

- Меѓутоа зборува за нешто многу повеќе од тоа за сите наши соништа, остварени и неостварени, нашите желби, она во што веруваме, потенцира Леловац.

Нејзината колешка актерката Симона Спировска информира дека претставата е отворена за нив актерите практично за се она што им се случува за се она што доживуваат и преживуваат.

-И решивме сега кога имаме можност да ја играме вистински после 10 години сонување, тогаш нема и да ја завршиме. Не сакаме да се обременуваме со некоја дефинитивност во процесот и во истражувањата понатаму, потенцира Спировска.

Таа појаснува дека практично секоја изведба е нова претстава. Затоа што доаѓаат да ја видат и некои нови луѓе па и тие учествуваат и придонесуваат во претставата.

-Секоја реакција на публиката е практично нов материјал во претставата.Тоа е тоа што таа никогаш не е иста и ниту некогаш ќе биде, појаснува Спировска.

Таа потенцира дека оваа претстава е градена на другарство и доверба врз која се градел процесот и секоја нова изведба и затоа се разликува од другите.

Актерот Бојан Кирковски за МИА потенцира дека за разлика од другите претстави  во оваа претстава има искреност.

-Претставата носи вистина за нас глумците, која на некој му е смешна на друг интересна, тажна, некому досадна. Постои една вистина што ја носиме со себе и што сакаме да ја кажеме и тоа е можеби тоа што малку не двои од сите други претстави, но можеби сме исти како сите други претстави, но зависи кој како не гледа, вели Кирковски.

Сценскиот дизајн беше на Ненад Тонкин, музиката на Дино Имери, а фотографиите на Соња Ставрова и Стефан Самандов.

На 25 март претставата „ГЛУМиЦИ“ ќе биде изведена во Битола, во април во Штип, потоа во Скопје и во други градови во земјава. Воедно во април оваа претстава ќе биде претставена на театарски фестивал во Романија. ад/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан