Гилџеус-Александер прогласен за МВП на финалето на Западната конференција на НБА
- Шеј Гилџеус-Александер од Оклахома сити е прогласен за најкорисен кошаркар во финалето на Западната конференција на НБА, објави прес-службата на лигата. Одлуката е донесена едногласно.
Оклахома, 29 мај 2025 (МИА) – Шеј Гилџеус-Александер од Оклахома сити е прогласен за најкорисен кошаркар во финалето на Западната конференција на НБА, објави прес-службата на лигата. Одлуката е донесена едногласно.
Во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција ноќеска против Минесота (124:94), Гилџеус-Александер постигна 34 поени, забележа седум скока и осум асистенции.
Оклахома ја доби серијата со 4-1 и се пласираше во финалето.
Канадскиот кошаркар беше прогласен и за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА за сезоната 2024/25. зс/
Фото: ЕПА