• петок, 08 ноември 2024

Германските воздухопловни сили почнаа да го чуваат воздушниот простор на Словачка

Германските воздухопловни сили почнаа да го чуваат воздушниот простор на Словачка

Берлин, 2 септември 2023 (МИА) - Германски борбени авиони почнаа да летаат за да помогнат во заштитата на воздушниот простор на Словачка, јави ДПА.

-Летовите ќе продолжат до 22 декември, соопшти германското воздухопловство Луфтвафе.

Два борбени авиони „Еурофајтер“ од 74. тактичко воздушно крило во Горна Баварија ќе бидат во подготвеност за пресретнување на неидентификувани или непријателски летала во воздушниот простор на Словачка во случај на вонредна состојба, соопшти германската војска.

Покрај тоа, планирани се и тренинг летови над Словачка, како и слетувања таму.

Во април 2022 година, Словачка и обезбеди на Украина ракетни системи за воздушна одбрана С-300. 

Со оглед на тоа што Словачка и ги предаде своите борбени авиони МиГ-29 од советско производство на Украина во март оваа година, таа повеќе не може сама да го брани својот воздушен простор.

Првично, оваа задача беше преземена од нејзините непосредни соседи Полска, Чешката Република и Унгарија, а сега Германија обезбедува помош. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан