• сабота, 23 ноември 2024

Германскиот претседател Штајнмаер се вакцинираше со Астра Зенека

Германскиот претседател Штајнмаер се вакцинираше со Астра Зенека
Берлин, 1 април 2021 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) денеска ја прими првата доза вакцина против коронавирус на производителот „Астра Зенека“. „Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат", се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата. Германските здравствени власти во вторникот одлучија вакцината на „Астра Зенека“ да не ја даваат на лица помлади од 60 години. Причината, како што појаснуваат, е нова загриженост за згрутчување на крвта кај мал број од оние кои ја примиле таа вакцина. Досега во Германија се дадени 2,7 милиони дози од вакцината на „Астра Зенека“. паг/    

Остани поврзан