• четврток, 07 ноември 2024

Германскиот претседател оддаде почит на турските мигранти за придонесот во германската економија

Германскиот претседател оддаде почит на турските мигранти за придонесот во германската економија

Берлин, 22 април 2024 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска им оддаде почит на достигнувањата на многуте Турци кои минатиот век пристигнале во Германија за да помогнат во задоволувањето на побарувачката за работна сила и обновата на повоената економија на земјата, јави ДПА.

„Тие помогнаа да се изгради нашата земја, ја направија силна и заземаат централно место во нашето општество“, рече Штајнмаер на почетокот на неговата тридневна посета на Турција, мислејќи на речиси три милиони луѓе со турско потекло кои денес живеат во Германија.

„Тие не се луѓе со мигрантско потекло - Германија е земја со мигрантско потекло“, додаде тој.

Во 1961 година, тогашната западногерманска влада и турската влада потпишаа договор за работа. Според Министерството за надворешни работи, врз основа на овој договор за „гастарбајтери“ од Турција во Германија пристигнале околу 876.000 лица.

Германскиот претседател денеска пристигна во Истанбул со 60 килограми тежок дунер ќебап, кој ја симболизира историјата на турските мигранти во Германија. Заедно со Штајнмаер со неговиот авион патувал сопственикот на ресторанот во кој се подготвувал ќебапот, Ариф Келеш и уште неколку гости.

Штајнмаер ја започна својата посета на историската железничка станица Сиркеџи во Истанбул, од каде што многу Турци заминуваат за Германија. Таму го пречека неодамна реизбраниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Штајнмаер ќе се сретне со Ердоган во среда во Анкара. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан