Германскиот парламент ќе биде осветлен ноќе и покрај апелот за штедење струја
- Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата, јави ДПА

Берлин, 11 јули 2022 (МИА) - Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата, јави ДПА.
Портпаролот на Бундестагот рече дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите.
„Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира“, додаде тој.
Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, на крајот на минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други.
Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој ќе се намали ладењето во лето и загревањето на просториите во зградата во зима. паг/