• сабота, 23 ноември 2024

Германскиот канцелар го повика НАТО на самитот во Вилнус да се фокусира на зајакнување на воените капацитети на Украина

Германскиот канцелар го повика НАТО на самитот во Вилнус да се фокусира на зајакнување на воените капацитети на Украина

Берлин, 22 јуни 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од говорницата во Бундестагот ги повика лидерите на земјите членки на НАТО, на самитот во јули во Вилнус, да се фокусираат на зајакнувањето на воените капацитети на Украина.

Украинската влада изјави дена не станува збор за приклучување кон НАТО сè додека Русија ја води својата војна против Украина, изјави Шолц во германскиот законодавен дом.

„Затоа предлагам во Вилнус да се фокусираме на она што сега е апсолутен приоритет, а тоа е зајакнување на борбената способност на Украина“, додаде германскиот канцелар.

Тој, исто така, го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Турција да го ратификува членството на Шведска во НАТО.

-Цврсто верувам дека Шведска, како нов сојузник, треба да седне покрај Финска на масата на самитот, рече германскиот канцелар.

Шолц кажа и дека Германија од следната година ќе ја достигне поставената цел и ќе издвојува два отсто од својот годишен БДП за потребите на одбраната, во согласност со препораките на НАТО.

-Ќе обезбедиме федералната војска конечно да ја добие потребната опрема, рече Шолц.

Канцеларот претходно имаше кажано дека Германија ќе ја исполни оваа цел во 2025 година.

Минатата година, само седум земји на НАТО ја имаа усогласено целта- да издвојуваат два проценти од својот БДП за одбраната, а меѓу нив се САД и Полска. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан