• четврток, 26 декември 2024

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места

Штутгард, 10 февруари 2020 (МИА) - Германскиот автомобилски гигант Дајмлер се подготвува да укине 15.000 работни места, многу повеќе од првично планираното, за да ги намали трошоците и да ја надмине кризата во автомобилската индустрија, пишува германскиот весник Ханделсблат.

Производителот на луксузни автомобили, во чија сопственост е Мерцедес-Бенц, првично планираше да укине 10.000 работни места. Од компанијата засега нема коментар на пишувата на весникот. паг/

Остани поврзан