Германска амбасада и дел од „Леринска“ без вода
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 19 август 2025 (МИА) - Поради дефект на улицата „Леринска“, прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците од оваа улица, вклучително и објектот на Германска амбасада, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Во соопштението се наведува дека вода нема од 8:40 часот.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива