• среда, 27 ноември 2024

Германската министерка за внатрешни работи Фезер предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји

Германската министерка за внатрешни работи Фезер предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји

Берлин, 18 јуни 2024 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Иран.

„Заканата за нашата демократија од шпионажа, саботажа, дезинформации и кибер-напади достигна нова димензија“, им рече Фесер на новинарите во Берлин на промоцијата на извештајот за заштита на Уставот од 2023 година, кој дава информации за природата и обемот на прекршување на највисокиот правен акт, како што се активностите на екстремната десница, екстремната левица и исламистичките групи.

Фезер истакна дека Русија ја прилагодила својата разузнавачка стратегија по протерувањето на руските дипломати од Германија во 2023 година.

 „Кремљ сега е фокусиран на шпионажа, а во исто време спроведува сајбер напади и кампањи за дезинформација против Берлин“, рече Фезер.

Шефот на Канцеларијата за заштита на Уставот, германската внатрешна разузнавачка агенција на Германија, Томас Халденванг, рече дека кампањата на кибер напади во 2023 година била насочена против високи цели во бизнисот и политиката, вклучувајќи го и извршниот комитет на германската Социјалдемократска партија.

„Овој напад оттогаш и се припишува на групата АПТ 28 контролирана од руското воено разузнавање“, рече Халденванг. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан