• недела, 22 декември 2024

Германската министерка Ен Шпигел призна дека лажела за одморот за време на ланските поплави

Германската министерка Ен Шпигел призна дека лажела за одморот за време на ланските поплави
Берлин, 11 април 2022 (МИА) - Министерката за семејни прашања во германската Влада, Ен Шпигел, која се наоѓа под голем притисок на јавноста, призна дека лажела околу одморот, за време на минатогодипните катастрофални поплави во западниот дел на земјката. Шпигел ги замоли граѓаните за извинување, поради тоа што по катастрофалните поплави, кога беше на функцијата министерка за екологија на покраината Рајнланд-Пфалц, отишла на четиринеделен одмор. Таа ги наведе личните причини и големата оптовареност на семејството поради пандемијата, како причина за земање одмор. Шпигел изјави и дека за време на одморот, постојано била во контакт со министерството што го предводеше. Тогаш, Шпигел беше надлежна и за издавање предупредувања од елементарни непогоди. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц побара Шпигел да биде сменета од сегашната функција. - Повторно се докажа дека на госпоѓата Шпигел одморот ѝ е поважен од судбината на луѓето, искоментира Мерц. Во поплавите од средината на јули, во покраината Рајнланд Пфалц и Северна Рајна Вестфалија загинаа над 180 лица. Шпигел беше критикувана затоа што, кога настанаа поплавите, со својот тим разговарала за штетата врз нејзиниот политички углед, наместо за судбината на граѓаните. Нејзината партија најави расправа за судбината на Шпигел, медиуми коментираат дека е можно, од неа да се побара оставка. бд/сд/
 

Остани поврзан