• среда, 27 ноември 2024

Германската влада ги закажа следните парламентарни избори за 28 септември 2025 година

Германската влада ги закажа следните парламентарни избори за 28 септември 2025 година

Берлин, 24 јули 2024 (МИА) - Германската влада одлучи следните парламентарни избори да се одржат на 28 септември 2025 година, јави ДПА.

Датумот за одржување на изборите треба да биде одобрен од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, но тоа претставува формалност.

Последните избори за Бундестагот се одржаа во 2021 година, кога Германската социјалдемократска партија на канцеларот Олаф Шолц освои најмногу гласови. Тој формираше коалициска влада со Унијата 90/Зелени и Слободната демократска партија.

Во текот на своето владеење, коалицијата на левиот центар, за која уште на почетокот се очекуваше да се соочи со тешкотии, загуби голем дел од своите поддржувачи и во моментов резултатите од анкетите и даваат одлучувачко водство на конзервативната опозиција.

Шолц денеска на прес-конференција соопшти дека има намера да се кандидира за втор канцеларски мандат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан