• сабота, 23 ноември 2024

Германка со страв од пајаци, во паника повикала полиција

Германка со страв од пајаци, во паника повикала полиција

Штутгарт, 31 октомври 2022 (МИА) - Германка која страда од арахнофобија, исплашена побарала помош од полицијата во Баден-Виртемберг. Според полицискиот извештај, 33-годишната жена пријавила дека видела пајак во нејзиниот автомобил и дека ѝ била потребна итна помош бидејќи не можела да продолжи да вози. 

Полицајците го пребарале возилото, но пајаци биле пронајдени, па жената се смирила. Таа го продолжила своето патување, според полицијата.

Арахнофобијата е патолошки страв од пајаци. Луѓето со арахнофобија ги проверуваат своите кревети неколкупати пред спиење. Стравот од пајаци може да стане причина и за избегнување прошетки во природа.  си/

Остани поврзан