• среда, 25 декември 2024

Германија ќе плати 2,5 милијарди евра за изнајмување пловечки терминали за течен гас

Германија ќе плати 2,5 милијарди евра за изнајмување пловечки терминали за течен гас
Берлин, 15 април 2022 (МИА) - Германското Министерство за финансии одобри исплата до 2,5 милијарди евра за четири пловечки терминали за течен природен гас (ЛНГ), се наведува во писмото упатено до Парламентот.
Исплатата е одобрена пред консултации со собраниската комисија за буџет поради итноста на постапката, се вели во дописот, објави ДПА.
Потпишувањето на договорот за закуп на терминалниот брод е закажано за 20 април, со образложение дека сака да обезбеди снабдување со гас за Германија и да ја намали зависноста од увоз на гас од Русија.
Во извештајот на Министерството за економија, објавен кон крајот на март, се вели дека владата обезбедила опции за три пловечки терминали за ЛНГ преку енергетските компании RWE и Uniper.
Компаниите во моментов преговараат за закуп на терминалот, а Владата ги проверува можните локации во Северното и Балтичкото Море. Терминалите би можеле да бидат поставени следната зима. паг/

Остани поврзан