• вторник, 24 декември 2024

Германија ќе и обезбеди нов пакет воена поддршка на Украина

Германија ќе и обезбеди нов пакет воена поддршка на Украина

Киев, 21 ноември 2023 (МИА) - Германија треба да и обезбеди на Украина нов пакет воена помош во вредност од 1,1 милијарди фунти.

Тоа ќе вклучува четири дополнителни единици за воздушна одбрана ИРИС-Т, рече министерот за одбрана Борис Писториус при денешната посета на Киев.

ИРИС-Т е инфрацрвен ракетен систем воздух-воздух со среден дострел.

Досега Берлин вети дека ќе му снабди на Киев осум такви системи, од кои три се испорачани, помагајќи да се заштити од руски ракетни напади.

Новиот пакет за поддршка ќе вклучува и 20 илјади артилериски гранати од 155 милиметри и противтенковски мини.

-Сигурен сум дека ќе ви помогне во вашата борба против руската агресија. Тоа покажува дека стоиме со Украина одржливо и доверливо, рече Писториус. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан