Германија ќе воведе привремена контрола на француската граница за Олимпијадата
- Германија ќе воведе привремена контрола на границата со Франција по повод претстојните Олимписки игри во Париз, соопшти германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, jaви ДПА.
Берлин, 15 јули 2024 (МИА) - Германија ќе воведе привремена контрола на границата со Франција по повод претстојните Олимписки игри во Париз, соопшти германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, jaви ДПА.
Тој потег е направен во соработка со француските власти за да се обезбеди поголема безбедност на Олимпијадата, што завршува на 11 август.
Европската комисија ќе биде известена што е можно поскоро.
В петок ќе бидат укинати граничните проверки со Данска, Холандија, Белгија и Луксембург, воведени поради Европското фудбалско првенство. Остануваат граничните контроли со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска за да се запре илегалната имиграција. паг/
Фото: МИА архива