• понеделник, 23 декември 2024

Германија потпиша договор од 2,1 милијарди евра со Ербас за воени сателити

Германија потпиша договор од 2,1 милијарди евра со Ербас за воени сателити

Берлин, 4 јули 2024 (МИА) - Германската армија потпиша договор вреден 2,1 милијарди евра со Ербас за следната генерација воени комуникациски сателити наречени „SatcomBw 3“, соопшти денеска Ербас.

Договорот вклучува управување со проекти за два сателити „како и копнениот сегмент (станици за прием), лансирање и работа за 15 години“, се вели во соопштението.

Сателитите „SatcomBw 3“ мора да бидат лансирани и распоредени „пред крајот на деценијата“ на височина од 36.000 километри. Германскиот производител на сателити OHB и малите и средните претпријатија се исто така вклучени во проектот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан