Германија повторно ќе распореди системи Патриот во Полска
- Германија повторно се подготвува привремено да го распореди системот за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска.
Берлин, 28 ноември 2024 (МИА) - Германија повторно се подготвува привремено да го распореди системот за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска.
Како што објави германската новинска агенција ДПА, Германија планира привремено да распореди противвоздушни одбранбени системи и армија во областа Жешов во југоисточна Полска.
Распоредувањето на системот „Патриот“ и војската се очекува да започне во јануари 2025 година, а во наредните денови ќе започнат и извидувачките операции.
Според ДПА, Жешов има стратешко значење за поддршката на Киев, а целиот регион игра важна улога како логистички центар за западната воена помош за Украина.
За да го заштити воздушниот простор на Полска, Германија распореди три системи „Патриот“ на две различни локации во близина на градот Замошк помеѓу јануари и ноември 2023 година и испрати околу 320 војници да ги користат овие системи за противвоздушна одбрана. паг/
Фото: ЕПА