• петок, 21 март 2025

Германија повторно отвори амбасада во Сирија

Германија повторно отвори амбасада во Сирија

Берлин, 20 март 2025 (МИА) – Германија денеска повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск која беше затворена 13 години поради граѓанската војна во Сирија.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја отвори амбасадата за време на нејзината втора посета на Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад во декември, јави ДПА.

Италија повторно ја отвори својата амбасада во Сирија минатата година, пред падот на Асад, а Шпанија ја отвори потоа.

Бербок изјави дека е можен нов политички почеток меѓу Европа и Сирија, а исто така и меѓу Германија и Сирија.

Таа рече дека се очекува „во Сирија да има слобода, безбедност и можности за сите луѓе – за жените и за мажите, за луѓето кои припаѓаат на сите етнички групи и религии“. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан